МакедонијаНајново

Сајтот на Бирото за јавни набавки не работи, тендерите ќе се пролонгираат 

Веќе два дена не се отвора сајтот на Бирото за јавни набавки. Ова значи дека компаниите кои ги следат тендерите немаат увид во објавите, а исто така течат и роковите во кои тие треба да аплицираат за доделување на некоја јавна набавка.

Директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, во изјава за „Слободен печат“ вели дека станува збор за поголем технички проблем, но очекува уште денес да се реши.

– Во моментов се работи на отстраување на проблемот. Се надевам дека денес ќе успееме да го решиме. Сите тендери ќе се пролонгираат за онолку дена колку што нема да работи сајтот. Ако проблемот се реши денеска, веднаш ќе ја информирање јавноста и за периодот за кој се пролонгираат тендерите – изјави Хациев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons