Македонски научник пронајде досега непознат вид пајак во БиХ
Нивните излагања фрлаат светлина на актуелните настани, како во Озрен, така и во поширокиот регион.
Здружението „Фојничани“ од Босна и Херцеговина соопшти дека во пештерскиот комплекс Мокра Мегара е пронајден нов, досега непознат вид пајак и дека ќе биде именуван на планината Озрен. Окритието научно наречено „Порхома озрененсис“ (Porrhomma ozrenensis) му се припишува на македонскиот спелеобиолог Марјан Комненов.
Наодите се претставени на 6. конференција на Мрежата за заштита на природата во БиХ.
По „Маглајскиот големаш“, редок инсект којшто, исто така, живее на ова подрачје, како што посочуваат од Здружението „Фојничани“ – откривањето на уште еден ендемски вид на Озрен дополнително ја потврдува исклучителноста на овој национален парк во Република Српска. Покрај новооткриениот пајак, научниците и истражувачите на собирот споделија и вредни информации за лилјаци, птици, водоземци, влекачи, инсекти, растенија, габи, мов и алги, повикувајќи на важноста од зачувување на оваа планина.
Озрен, како што предупредуваат дел од стручњаците, се соочува со сериозни предизвици поради планираните геолошки истражувања заради експлоатација на никел и кобалт. Проф. д-р Иван Драгичевиќ од хрватскиот Факултет за рударство, геологија и нафта при Универзитетот во Загреб и проф. Далибор Балиан од Шумарскиот факултет на Универзитетот во Сараево повикаа на зачувување на природата, обрнувајќи внимание опасностите што ги носат со себе проектите за геолошки истражувања и експлоатација на минерали.
Нивните излагања фрлаат светлина на актуелните настани, како во Озрен, така и во поширокиот регион.