Вработените на Клинички во среда на протест, ништо од ветеното не е реализирано 

Пукна балонот на клинички. Огромниот револт и незадоволството на вработените, како што велат од Синдикатот ќе го искажат преку протест наредната недела. Во изјава за Сител синдикалците велат дека од бројните ветувања изминатиот период не добиле ништо и со 30 минутно излегување од работните установи сакаат да ги предупредат надлежните дека не се откажуваат од своите права и линеарно зголемување на платите.

-Осум месеци преговараме со надлежните институции, ги поминавме сите инстанци…подадовме рака и за оние 2806 денари линеарно зголемување..ги добивте..не добивме ништо. Даваме рок од 4 дена, во среда имаме Совет во Синдикат и во среда излегуваме на протест, вели Предраг Серафимовски потпретседател на Синдикат на Клинички

-со тоа линеарно зголемување очекуваме да се реши таа голема дискрепанца што се случи со минималната плата..медицинска сестра со почетни 22 000 денари и некој од технички персонал со поголем стаж ја стигнува со плата а одговорноста е далеку поголема. Револтот на клинички е огромен, вели Гордана Димевска, медицинска сестра и дел од Извршен на Синдикат на Клинички

Министерот за здравство мисли дека се договорил со Синдикатот да го пролонгираат протестот две недели за да разговараат со Фондот и финасии. Но синдикалните организации на клинички не се согласиле бидејќи како што кажаа, што може да се смени за 14 дена кога осум месеци никој ништо не реализирал.

-За конкретна сума сега не можам да зборам бидејќи јас не ги одредувам финасиите, меѓутоа дека треба да се поддрши клинички да. Се договоривме вчера со синдикатот тој протест и штрајк да го одложат две недели, вели Беким Сали министер за здравство. 

За информации кои кружеле во комплексот клиники дека платите на вработените ќе биле намалени за 5 проценти а дежурствата укинати, Сали вели дека се шпекулации со политичка позадина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons