Македонија

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа

Во рамките на попладневниот дел од работата по дневниот ред од 14-тата седница Собранието ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив и дека не може да се даде на натамошно читање. Седницата продолжува утре во 12 часот.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се согласува дека треба да се затворат казината, но додаде дека ова законско решение нема да го поддржат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зашто со него се сака да се заштитат криминалот и бизнис интересите на некои луѓе од ДУИ.

-Колку лиценци се издадени во последните седум години, праша Стојаноски.

Велите, рече, дека сакате да ги тргнете коцкарниците од училиштата, а во исто време направивте онлајн казина.

-Криминал има во овој бизнис со игри на среќа и многу брзо некој ќе биде повикан на одговорност, посочи Стојаноски и додаде дека Министерството за финансии подготвува закон за игри на среќа кој ќе биде системски и кој ќе биде донесен во инклузивна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons