Утре ќе се одлучува дали четворицата малолетници кои во бесознание беа донесени на Токсикологија ќе бидат пуштени дома
Стабилни се сите клинички и лабораториски параметри на четворицата малолетници кои во бессознание беа примени на Клиниката за токсикологија.
– Во текот на утрешниот ден, по утринската визита ќе одлучиме дали ќе ги пуштиме дома, вели Чибишев.
Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 40-годишникот во чиј дом беа пронајдени четирите малолетници
Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето. Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето.
Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.