Македонија

Секоја чест: Македонка во Шведска магистрираше на тема „27 април“ – процес спротивен на конвенцијата за човекови права

Македонка од Шведска, Наде Дуклеска, напиша научен труд за судскиот процес ,,27 Април’’, со кој магистрирала во тамошниот престижен Лундски Универзитет.

Според научниот труд судскиот процес за ,,27 Април’’ е спротивен на конвенцијата за човекови права. Ова не е првпат судскиот процес за ,,27 Април’’ во странство да биде оценет негативно, претходно имаше и одлуки на судови во странство кои процесот го квалификуваа како политички процес.

И домашни експерти повеќе пати укажуваа на неоснованост на квалификацијата на делото како тероризам. За споредба за упадот во Капитол Хил во САД пресудите се многу помали а иако таму имаше и жртви сепак делото не се квалификува како тероризам, додека за упадот во македонското собрание во судскиот случај ,,27 Април’’ беа осудени луѓе на 2 века затвор во 21 век, се вели во описот на трудот.

Во прилог проследуваме линк од јавно објавен и достапен, успешно одбранет, магистерски труд како научно дело на Nade Dukleska, Nade Dukleska,со кој научен труд ги заокружува мастер студиите за човекови права и тоа на престижниот Лундски Универзитет во Шведска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons