Негативен природен прираст и во четвртиот квартал од 2023 година

Бројот на живородените деца во земјава во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од 2022-ра година, е помал за 4.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028 лицa, што е за 1,5 % помалку од 2023 година. 

Природниот прираст е негативен – 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 2.824 бракови, за 1,6 % повеќе во споредба со истиот период од 2022.

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons