Правобранителот ќе поднесе законски измени додека во Фондот тече жалбена постапка за Леонид
Таткото на Леонид ја подготвува жалбата до второстепената комисија и ќе ја поднесе до Фондот следната недела. Бранко Индов за Сител вели дека и првиот пат тој имал соодветно конзелијарно мислење но поради тоа што барањето е одбиено ќе оди до крај во правната битка.
Без да добијам конзелијарно мислење јас немав основа да поднесам барање до фондот. Жалбата ја подготвувам и ќе ја поднесам следната недела.
Индов вели од фондот се потпираат на правна формулација додека неговото дете е во животозагрозувачка состојба.
Народниот правобранител ќе подготви измени во регулативата и веќе од следната недела ќе ги испрати во фондот. Андоновски за Сител вели неопходно е правилникот да биде изменет за вакви ситуации каде станува збор за човечки живот .
Токму со правната регулатива се правдаа од фондот кога на брифинг со новинарите објаснуваа дека во конзелијарното мислење од лекарите стоело медицинска рехабилитација а за тоа државата не покривала трошоци ниту овде ниту за третман во странство. ФЗО не сакаше да коментира дали во Македонија има можност за ваков вид на рехабилитација на пациент кој не може самостојно да диши. Според заменикот министерка за здравство од пред неколку месеци клиниките имаат услови за третман на овие пациенти иако тоа во случајот со Леонид не било посочено од инсититуциите.
Засега, за Леонид се собираат средства преку донации, граѓаните преку телефонските броеви, општините, спортските клубови и училиштата се вклучија преку различни настани да соберат средства за лекувањето во Австрија.
Инаку Леонид не е единстве, истата битка ја водат и семејството Иванови од Неготино за 19 годишниот Јани за кого лекарите се произнеле дека овде нема услови а родителите повеќе од една година сами плаќаат за лекување во Грција.