Спречен нелегален влез на 11 мигранти при царинска контрола на три камиони од Полска
Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела, информираат од Царинската управа.
ДВА СЛУЧАИ СЕ ОТКРИЕНИ ОД СТРАНА НА МОБИЛЕН ТИМ НА СЕКТОРОТ ЗА КОНТРОЛА И ИСТРАГИ ПО КОНТРОЛА НА ДВЕ ТОВАРНИ МОТОРНИ ВОЗИЛА СО ПОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НА ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА НА БОГОРОДИЦА НА 4 ЈАНУАРИ ДОЦНА ВЕЧЕРТА И НА 5 ЈАНУАРИ ВО 4 ЧАСОТ НАУТРО. И ВО ДВАТА СЛУЧАИ МИГРАНТИТЕ СЕ ОТКРИЕНИ ВО ПРОСТОРОТ ЗА ПАЛЕТИ НА ПОЛУПРИКОЛКИТЕ ПРИ КОНТРОЛА СО МОБИЛЕН СКЕНЕР, ПРИ ШТО И ВО ЕДНИОТ И ВО ДРУГИОТ СЛУЧАЈ СЕ ОТКРИЕНИ ПО 4-ЦА МИГРАНТИ ОД СИРИЈА И ПАКИСТАН, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ЦАРИНСКАТА УПРАВА.
Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото, како што информираат од Царинската управа, во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго.