Со Бадникова поворка и песната Вечниот Бог најмладите низ сите градови во Македонија го најавија Христовото раѓање

Бадниковата вечер и Божиќ се ретка можност за зближување со семејството и пријателите и токму затоа тие имаат посебна важност нас, велат граѓаните кои уште во раните утрински часови беа во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“.  Трпеливо чекаа да земат бадникови гранчиња на литургијата кои се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер во пресрет на Божиќ.

И покрај тоа што сме сведоци дека живееме во времиња на економска криза и бројни превирања и кај нас и во светски рамки ваквите празници се тука да не потсетат дека убаво е кога имаме поводи кои ги обединуваат луѓето.

Бројни верници пред портите на храмот ги дочекаа бадникарските кумови и здравичарот. И како што е редот – новиот кум на Бадник донесе славски колач. Годинава, тоа е Божидар Јанковски,  сопственик на „Дајнерс“. Тој потсети дека е попско дете и дека чувството пред овој храм и на овој ден е посебно. Сигурен сум дека мојот дедо поп Станко и мојата баба попадија Нана би биле денес горди на својот внук, рече Јанковски.

СКОПЈЕ Е НА СИТЕ РОДЕНИ ВО СКОПЈЕ, НО И НА СИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО НЕГО. ТАА РАЗЛИЧНОСТ НА СИТЕ ЖИТЕЛИ НА СКОПЈЕ, СКОПЈЕ ГО ПРАВИ МЕТРОПОЛА И ТОА ТАКА ЗА СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ. ДА ГИ ПРИФАТИМЕ ДОБРИНИТЕ И ДОБРИТЕ НАВИКИ НА ТИЕ ШТО ДОАЃААТ  ДА ЖИВЕАТ ВО СКОПЈЕ, КАКО И ДА ГИ ПРЕНЕСЕМЕ НАШИТЕ ДОБРИНИ И ДОБРИ НАВИКИ КОН НИВ. САМО ТАКА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ НАШЕ, ПОРАЧА БАДНИКАРСКИОТ КУМ БОЖИДАР ЈАНКОВСКИ. 

Добрините кои ги покажуваме треба да бидат во континуитет, додаде Јанковски, не само за Бадник и Божиќ, да се разбираме, да се почитуваме, да имаме разбирање за различностите, да простуваме, но не и да забораваме.

Здравичарот Тановски посака да бидеме човечни и хумани.

По примопредавање на Бадникарскиот ќуп новите кумови беа испратени до пајтонот.

Граѓаните се подготвуваат за утрешната прослава на Божиќ големиот христијански празник со надеж за здравје и многу радости во годината која претстои.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons