Актуелно

Во Скопје денеска полесно се дише, вечерва Осло е најзагаден град во Европа

После подолго време денеска попладне и вечерва скопјани малку полесно дишат. Воздухот е почист, мерењата излегоа од „виолетовата зона“, а и градот конечно не е меѓу десетте најзагадени во светот на листатата на сајтот „Ај-Кју Ер“.

Вечерва според последното мерење Скопје е на 29 место со индекс 90. Во воздухот се бележат зголемени концентрации на ПМ 2,5 честичките, додека концентрацијата на ПМ10 во воздухот е во дозволените граници.

Сепак, препораката на „Ај-Кју Ер“ е дека е подобро и во ваков случај прозорците да останат затворени, а граѓаните од чувствителните групи да не се движат многу без потреба надвор или во таков случај препорачливо е да носат маски.

Моментално од европските градови пред Скопје на листатата на најзагадени е само Осло, Норвешка, кој се наоѓа на 17 место, со индекс на загаденост од 137.

Слабиот дожд кои во последниве 24 часа одвреме навреме врне во Скопје, веројатно е причината за намалувањето на загадувањето на воздухот, затоа што како што е познато ништо друго не се презема. Граѓаните се надеваат дека во наредниве денови ќе дувне и ветар за подолго да потрае чистиот воздух во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons