Снежен бран блокира делови од Германија, повеќе луѓе загинаа во сообраќајни несреќи
Замрзнатиот дожд и студеното време во Германија се причина за бројни сообраќајни несреќи во кои само денеска загинаа три лица, а авионскиот сообраќај од аеродромот во Минхен беше привремено во прекин.
Еден ученик загина, а најмалку десет се пренесени во болници, додека двајца возрасни, меѓу кои и возачот на училишниот автобус, се тешко повредени во судир во планините Ерзгебирге, во провинцијата Саксонија во источна Германија, соопшти полицијата, пренесува Танјуг.
Автобусот удрил во возило за зимско одржување на патиштата од страната во близина на границата со Чешка, по што удрил во дрво, јавува АП повикувајќи се на чешката агенција ДПА.
Две лица загинаа во судир на автомобил и камион на автопатот А8 во Горна Баварија, соопшти полицијата во соопштението дека автомобилот се лизнал под задниот дел на приколка за камион.
Сите летови од аеродромот во Минхен се привремено прекинати, а аеродромските власти предупредуваат дека многу летови закажани за подоцна во текот на денот, исто така, може да бидат откажани поради тешките временски услови.