Македонија

Главниот осомничен излегол со возило заедно со неговиот адвокат со кого отишол во Белград па потоа преминал во Бугарија, МВР е во траг 

Министерството за внатрешни работи под водство на Јавното обвинителство во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференцијата која сѐ уште е во тек, а која институциите ја организираа по вчерашната информација за убиството на велешанецот Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски соопшти постои признание од сите три лица кои се осомниќени за тоа кое лице за што било задолжено во текот на извршувањето на ова дело. Истите лица извршиле 2 кривични дела грабнување заради корист, и убиство при грабнувањето. Против три лица е определен притвор од 48 саати.

Бубевски соопшти ќе се бара меѓународна потерница за осомниченото лице кое е надвор од државата.
Именот, главниот осомничен излегол со возило заедно со неговиот адвокат со кого отишол во Белград па потоа преминал во Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons