Во училиштето „Ј.Х. Песталоци“ книга на жалост за убиената ученичка Вања Ѓорчевска 

Со огромно жалење, скршени од болка за прерано згаснатиот живот на Вања, ве информираме дека утре, од 9 часот, на службениот влез на училиштето ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” ќе биде отворена книга на жалост, соопшти Општина Центар.

„Ги повикуваме блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат“, повика Општината.

Во моментот, додаваат оттаму, менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден, со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања.

„Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединети во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека ѝ е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори“, соопшти Општина Центар.

Телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше пронајдено денеска, откако девојчето исезна во понеделникот наутро. Според полицијата, убиена е неполни три часа по исчезнувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons