Шокантни детали: Вања е изнесена од влезот на станот со врзани раце и нозе во вреќа за спиење 

Министерот Спасовски изјави дека Вања е изнесена од влезот на станот со врзани раце и нозе во вреќа за спиење.

„Лицето кое е надвор од државата е заминато со неговиот адвокат, заминато во Белград, од таму заминува во Бугарија следниот ден. На почетокот немаше никаква корелација помеѓу овие два случаи. Потрагата започна истото утро кога мајката го пријавила случајот. Кога се утврдува дека двете возила се движат заедно низ Скопје, тогаш е утврдено поврзување на случаите.

Овој случај е изолиран, организиран случај. Лицето е грабнато од зградата, со претходна информација каде ќе оди и кога ќе се движи. Лага е дека заради самитот на ОБСЕ не сме постапувале. Такво нешто нема да дозволиме. Пред возилото цитроен се наоѓа возилото рено кое цело време се движи пред нив и е однесено надвор од Скопје. Таму е извршено убиството според сведоците а потоа е запалено возилото. Исто така, ќе се бара и притвор за таткото“, изјави Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons