Три успешни трансплантации на црн дроб направија македонските лекари за една година
Министерството за здравство информира дека пред една година првпат се изведе трансплантација на црн дроб во Македонија, со што македонското јавно здравство се вброи меѓу врвните здравствени системи што изведуваат вакви процедури.
За овој краток период се направени три трансплантации кај тројца пациенти и сите се во добра здравствена состојба.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити се заблагодарува до сите кои се вклучени во процесот.
„Горд сум што Европската комисија оцени дека имаме напредок во овој сегмент. Дарувањето органи е најблагородниот чин и процес во кој се гледа човечката добрина. Упатувам благодарност до сите кои се вклучени во процесот, верувам дека заеднички можеме да направиме сѐ!“, вели Меџити.