Судиите побараа поголема плата или ќе се приклучат на штрајковите
Управниот одбор на Здружението на судиите донел заклучок да побара од Владата да им бидат зголемени платите за 15 отсто во наредните две недели или ќе стапат во предупредувачки штрајк.
Во моментов протестираат или во најава на штрајк се администрацијата, просветните работници, вработените во АД „пошта“ и матичните лекари.
„Здружението на судии бара договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите најмалку за 15 отсто да се усвојат во најкраток можен рок а не подоцна од две недели, а исто така да бидат усвоени измените на законот за платите на судиите најдоцна до 30 јуни 2022 година“, се вели во заклучоците.
Тие веќе се испратени до министерот за правда Никола Тупанчески и до Владата, а предупредувачкиот штрајк би се одржал на 28 април од 11-11.30 часот.