МакедонијаНајново

Извештај на ЕК: Културното наследство на земјата не е доволно заштитено 

Министерството за култура треба да изработи нова национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и да обезбеди соодветен буџет. Годишниот буџет за културата се намалува постојано во последните три години, а одложени се и реформите по препораките од функционалната анализа на Министерството за култура, наведува Европската комисија во извештајот за напредокот на државава. 

Со заклучок дека Македонија е умерено подготвена во областа на културата, ЕК препорачува Министерството за култура и другите релевантни институции да ги зајакнат своите капацитети за креирање и управување со културни политики засновани на здрави принципи на јавната администрација. 

Се укажува дека културното наследство на земјата не е доволно заштитено и дека се потребни дополнителни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за негова заштита и спречување дивоградби.

Се посочува заштитата на локалитети од културното наследство кои се од особена важност, како Охридското Езеро и Старата скопска чаршија. 

Нотирано е дека продолжува учеството на државава во програмата „Креативна Европа“ и задоволителен останува бројот на нејзини корисници и дека се направени измени на националното законодавство со цел усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиуми од 2018 година, што е предуслов за континуирано учество на земјата во оваа програма. 

Во периодот на кој се однесува извештајот е подготвена националната стратегија за млади за 2023-2027 година, која допрва треба да се усвои.

Извештајот нотира и дека во септември 2023 година беше препорачано Скопје во 2028 година да биде европска престолнина на културата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons