Девојче добило струен удар од конструкцијата на новогодишниот украс во Струга

За девојче од Струга синоќешната прошетка низ центарот на Струга и семејното фотографирање можело да биде кобно. Девојчето ја ставило раката на металната конструкција од новогодишниот украс „2024“ за да се фотографира. Но во тој момент добило струен удар, но за среќа без посериозни последици, јавува ВОКС Струга.

Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен во полиција.

Полицијата заедно со екипи на ЕВН излегоа на терен и докажаа дека во металната конструкција има електрична струја што ги загрозува животите на граѓаните. Настанот се случил синоќа околу 22:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons