Пензионерите излегоа на протест, бараат повисоки пензии
Повеќе од илјада пензионери од цела Македонија денеска се собраа да протестираат пред Американската Амбасада каде побараа повисоки пензии и подобар стандард.
Од таму, тие се упатуваат кон Владата каде ќе го продолжат протестот.
Како што велат, како што може да има 78 проценти покачување на платите на функционерите, така може да има и линеарно покачување за пензиите.