Поскапе рускиот гас во Македонија 

Министерот за економија Кршеник Бектеши објави дека рускиот гас од денеска е поскап во Македонија поради одлуката на Бугарија да воведе екстра оданочување од 10 евра по мегаватчас за енергенсот што транзитира низ оваа земја.

Македонија речиси целосно се снабдува со руски гас бидејќи има само еден изграден гасовод кој е поврзан со Бугарија и тој во моментов е со ограничен капацитет.

– Снабдувачот кој има директен договор со „Газпром“ започна со зголемување на цените за 10 евра со вградување на таксата која е воведена во Бугарија. Такви снабдувачи во државата имаме двајца – еден е фирма ќерка на ТЕ-ТО, а другата е фирма во Македонија која користи целосно руски гас.

Тие веќе стануваат неконкурентни на македонскиот пазар со снабдување на рускиот природен гас, рече Бектеши.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons