Свет

Ерменија и Азербејџан договорија мировни преговори за Нагорно Карабах 

Ерменија и Азербејџан се договорија да одржат мировни преговори за решавање на тензиите околу Нагорно Карабах, регионот што граничи со двете земји, соопшти Кабинетот на ерменскиот премиер Никола Пашинјан.

Кабинетот на Пашинјан го објави соопштението по разговорите со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Брисел.

Соговорниците се договориле да формираат билатерална Комисија за демаркација на заедничката граница до крајот на април, се вели во соопштението.

„Премиерот на Ерменија и претседателот на Азербејџан им наложија на своите министри за надворешни работи да започнат со подготовки за мировни преговори меѓу двете земји“, стои во соопштението.

На состанокот во Брисел присуствувал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во 2020 година азербејџанските сили ги протераа етничките ерменски сили од областите што ги контролираа од и околу Нагорно-Карабах од 1990-тите години.

Ерменија минатиот месец рече дека очекува Русија да преземе чекори за да го принуди Азербејџан да ги повлече силите од регионот Нагорно-Карабах.

Азербејџан тврди дека областа е нејзина суверена територија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons