УКРАИНА ПО ВОЈНАТА ЌЕ СТАНЕ „ГОЛЕМ ИЗРАЕЛ“ Според Зеленски, на улиците постојано ќе шетаат вооружени граѓани

Нема да бидеме изненадени ако имаме претставници на вооружените сили или Националната гарда во кината, супермаркетите и луѓе со оружје, рече Зеленски.

Украина ќе црпи инспирација од начинот кој Израел се брани од соседите, за да се заштити по војната со Русија, објасни претседателот Володимир Зеленски вчера пред новинарите, додавајќи дека по нападите од Москва невозможно е да имаме „апсолутно либерален“ Киев, пишува РТ. Постојаното присуство на вооружени сили на улиците, како што тоа е во Израел, ќе биде решение за „проблемот број еден“ на Украинците, а тоа е безбедноста во следните неколку децении.

– Украина дефинитивно нема да биде онаква каква што сакавме да биде од самиот почеток. Невозможно е. Апсолутно либерална, европска – нема да биде така. Ќе станеме „голем Израел“ со свое лице. Нема да бидеме изненадени ако имаме претставници на вооружените сили или Националната гарда во кината, супермаркетите и луѓе со оружје – рече Зеленски.

Украинскиот амбасадор во Израел, Евген Корнијчук, по коментарите на Зеленски, рече дека „што и да се случи следно, (работите) во Украина ќе бидат слични на безбедносната ситуација во Израел“ , додавајќи дека „ќе видите повеќе вооружени луѓе во улиците, дури и кога работите стануваат помирни отколку што се сега“.

– Израелците живееја опкружени со непријатели во текот на целата своја историја и Украина ќе го прави истото – продолжи тој.

И покрај кратката расправија меѓу Зеленски и израелските пратеници минатиот месец, откако претседателот ја спореди ситуацијата во Украина со Холокаустот, премиерот Нафтали Бенет даде неколку понуди да посредува во преговорите меѓу Киев и Москва, велејќи дека се чувствува должен да помогне за да им се стави крај на борбите. Турскиот претседател Ердоган одигра слична улога со мировните преговори во Истанбул.

Зеленски беше отворено критички настроен кон Тел Авив во своите коментари во Кнесетот во март, обвинувајќи ја владата за „апатија“ и „посредување без заземање страна“ , додека бараше воена поддршка за Украина. Сепак, тој подоцна призна дека „Израел има свои интереси“ и „стратегија за заштита на своите граѓани“.

– Премиерот на Израел, г-дин Бенет, се обидува да најде начин за водење разговори и ние сме благодарни за тоа. Ние сме благодарни за неговите напори, така што порано или подоцна ќе започнеме да разговараме со Русија, можеби во Ерусалим – изјави Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons