Свет

(ВИДЕО) ДЕЦА ГО ПОСРАМОТИЈА ДОДИК: Викаа „Крадец, крадец“ и „Кај си крадецу“

Се појави видео на кое деца извикуваат кон претседателот на Република Српска, Милорад Додик, „Крадец, крадец“ и „Кај си крадецу“.

Заедно со Додик беше и Жељка Цвијановиќ, член на Претседателството на БиХ. Таа се обиде да го оттргне вниманието од тоа откако Додик непријатно се насмеа, па почна да зборува со децата. 

„Дали се запишавте на факултет? Рано е, нели?“, рече таа. 

Снимката беше објавена на официјалните профили на Република Српска, но набрзо е избришана. Додик често зборува за независност на Република Српска од Босна и Херцеговина (БиХ). 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons