МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Мелани Трајковска избрана за кралица на модата во Анталија

Радосна вест ни доаѓа од Анталија каде што нашата преубава Мелани Трајковска освои награда во рамки на натпреварот ,,Кралица на ЕвроАзија 2023″.

Трајковска во Турција замина како претставничка на модното студио Црнокрак и за миг го освои жирито кое одлучи токму Мелани да се закити со титулата кралица на модата.

Според фотографиите што до редакцијата Гламур ни ги испрати нејзиниот тим очигледно е дека на модниот избор во Анталија има многу силна конкуренција – се избирало меѓу 23 кандидатки, но сепак Мелани заслужено седна на кралскиот престол на модата.

Инаку, како што дознаваме, девојките имале фантастична дружба за време на подготовките за овој голем натпревар, родени се многу нови пријателства за кои Мелани допрва ќе ни раскажува.

Во очекување да ни се врати во Македонија младата убавица од Делчево и да ни ни раскаже за нејзините впечатоци од своевидниот фестивал на убавината погледнете ги фотографиите од среќните моменти кога Мелани е прогласена за кралица на модата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons