Цело семејство заврши на Токсикологија, се затруле од домашна храна
МВР информира дека вчера во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје.
Лицата биле задржани за понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.