Македонија

Кога го зеле не престанало да плаче: Превид на детска градинка во Скопје, тешко повредено бебе

Единаесетмесечно бебе било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди.

Родителите кои го пријавиле случајот во МВР, велат дека нивното бебе било два часа во градинката оти се наоѓало во период на адаптација.

Го однеле во 8 часот, а кога таткото во 10 часот се вратил по детето и го донел дома, мајката почнала да го пресоблекува и не престанувало да плаче.

Потоа со детето заминале кон ургентентниот центар, каде лекарот му констатирал скршеница на десното рамо. Родителите повикаа на одговорност од целата градинка и од општината Шуто Оризари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons