Уставен чекаше пет години за да оцени дека Преспанскиот договор е во согласност со Уставот
Преспанскиот договор останува во сила – Уставниот суд по пет години едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на договорот со кој се смени уставното име. Според судот меѓународниот договор од Нивици е во согласност со македонскиот Устав. Иако законот беше објавен само со потпис на собранискиот спикер Џафери, но без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов, Судиите сепак одлучиле да ја отфрлат иницијативата за оценување на уставноста на указот бидејќи тој не претставувал прорпис.
За Светскиот македонски конгрес кои се јавуваат како едни од подносителите на иницијативата, велат дека без указ нема закон. Одлуката на Уставниот суд според Тодор Петров е неправда и доказ за неправна држава. Вели дека не може договорот кој ја погазува волјата на граѓаните искажана на референдумот од 8 септември 1991-ва да биде легитимен.
Уставниот суд вели дека во нивна надлежност не е да одлучуваат за меѓународни договори. Сепак уставните судии предупредија дека моменталната форма на Уставот содржи правни празнини, токму во делот кој не утврдува јасен рок за потпишување на указите од страна претседателот доколку еден закон по втор пат биде изгласан, што беше случај со законот за таѕификација на преспанскиот договор.