Комисијата за заразни болести донесе одлука: Маските за заштита од корона вирусот повторно се враќаат во Македонија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе одлука за задолжително носење на заштини маски при влез во сите здравствени установи низ Македонија. Ова пред новинарите го соопшти претседателот, д-р Злате Мехмедовиќ.

– Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох, изјави д-р Злате Мехмедовиќ на прес конференција за новинарите.

Здравствените власти регистрираат зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во август и септември. Епидемиолошката состојба се оценува како стабилна, а на ризичните пациенти им се препорачува нова доза вакцина. Симптомите на новозаболените се болки во грлото, течење на нос, главоболка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons