Актуелно

Се појави ново жариште на свинска чума, останува забраната за чување, движење и превоз на свињи на отворено 

Ново жариште на свинска чума е регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од надлежното ветеринарно друштво денеска спроведоа еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето со цел спречување на ширење на болеста.

„Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од   одгледувалиштето каде е потврдена  болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик“, информираа од АХВ.

Како што додадоа оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување   за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи  во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре. 

„Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната за движење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат во одобрена кланица за колење“, велат од АХВ.

Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната   под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons