МакедонијаНајново

Делови од Скопје и натаму со ѓубре

И покрај високите температури, голем дел од жителите на Скопје поминаа уште една ноќ со затворени прозорци поради неподносливиот мирис на ѓубрето кое се уште не е исчистено на одредени места. Жителите велат дека поради ѓубрето се појавиле се поголем број на инсекти.

Покрај собирањето на отпадот, граѓаните бараат јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да врши миење и дезинфекција на улиците.

„Ова е катастрофа. Од жештината се шири лош мирис, не можеш да поминеш. Се разбира, мораат да ги мијат улиците и да ги дезинфицираат улиците“, велат граѓаните.

Поради протестот на работниците од Комунална хигиена, Скопје речиси беше покриено со ѓубре кое неколку дена по ред не се собираше.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons