Згуснат авиосообраќај, ако сакате да не ви избега авионот тргнете навреме за накај Аеродромот 

Од ТАВ Македонија апелираат патниците да ги следат насоките и известувањата на МВР за сообраќајниот режим низ градот за да стигнат навреме на својот лет. Српските медиуми известија дека поради техничка неисправност, авион на Ер Србија кој во вторникот летал од Белград за Скопје, а во кој имало српски и странски новинари, поради технички проблем, по кружењето над Скопје се вратил во Белград

Граѓаните кои денес ќе летаат од Скопје до некоја од странските дестинации треба да тргнат навреме за да не заглават во сообраќајниот метеж, бидејќи дел од улиците се целосно или повремено блокирани поради пристигнувањето на делегатите за состанокот на ОБСЕ. Тоа значи дека треба да стигнат навреме на Аеродромот во Скопје за да не го изгубат летот. Од ТАВ Македонија апелираат патниците да ги следат насоките и известувањата на МВР во врска со сообраќајниот режим низ градот за да стигнат навреме на аеродромот. Поради зголемениот авиосообраќај, од Македонска навигација М-НАВ, известија дека не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените за министерскиот состанок на ОБСЕ.

„ТАВ Македонија известува дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена – 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30-тиот Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, но притоа апелираме до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи за сообраќајниот режим низ главниот град, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на Аеродромот навреме“, велат од ТАВ Македонија.

Од М-НАВ, за МИА истакнуваат дека, согласно објавените капацитети и расположливиот човечки потенцијал не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените летови поврзани со министерскиот состанок на ОБСЕ.

„Сите воздухоплови ќе бидат опслужени на ефикасен и безбеден начин согласно потребите“, истакнаа од М-НАВ.

Претходно српските медиуми известија дека поради техничка неисправност, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот ЈУ 162, морал да се врати во Белград. Авионот АТП 72, кој полетал во вторникот во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград. Како што им било кажано на патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можело брзо да се поправа, како што е случајот во Белград. „Слободен печат“ се обиде, но не успеа да добие подетални информации во врска со проблемите на српскиот авион.

Како што објави Н1, по враќањето, авионот безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот. Се работи за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска. Сите места во авионот биле полни, бидејќи голем број српски и странски новинари оделе на самитот на ОБСЕ во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons