ИЛИ ИСПЛАТА НА ДОДАТОК НА ПЛАТА, ИЛИ ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК: Вработените во УЈП децидни, не отстапуваат од барањата
Вработените во УЈП дочекаа Владата да го прифати помирувачот кој беше понуден.
Станува збор за професорот Лазар Јовевски.
Наредната недела треба да се знае конечниот епилог од ситуацијата.
Ако не добијат исплата на додаток на плата, тие се закануваат дека ќе стапат во генерален штрајк.
Иако беа предупредени од страна на министерот Фатмир Бесими дека не смеат да не пуштаат плати и да затвораат граници, Васе Неданоски, од синдикалната организација на УЈП, вели дека не постои закон што може да ги спречи да одржат генерален штрајк.
„За да одржиме генерален штрајк во основа нема никаква законска пречка, ниту пак смее да има, тоа е уставно загарантирано право. Ќе го имаме во предвид ставот на министерот, но првично сметаме дека она што го работиме на работното место смееме да го опструираме, односно да штрајкуваме и да не ги исполнуваме задачите. Но, дополнително на таа изјава, со посебно внимание ќе ги разгледаме сите законски решенија.“ изјави Васе Неданоски, синдикат на УЈП.