Македонија предводена од Ѓорческа ја победи Ерменија, тенисерките се пласираа во Втората Евроафриканска зона 

Женската тениска репрезентација на Македонија постигна одличен резултат откако триумфираше во Третата европска зона од „Били Џин Кинг“ купот.

Ваквиот резултат за македонските тенисери значи пласман во еден ранг погоре наредната година. Денес во финалето во Скопје Македонија ја победи Ерменија по голема битка со 2:1.

Ерменките поведоа со 1:0 откако Мурадјан ја победи Стоилковска, но потоа нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа без загубен гем и двапати со по 6:0 ја совлада Давтјан. Победникот се решаваше во мечот во двојки, а таму Македонија беше подобра со 6:3 и 6:2.

Во втората Евроафиканска зона Македонија ќе има противници како Литванија, БиХ, Естонија, Израел…

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons