МАКЕДОНЦИТЕ ЈАДАТ ПОСКАПА ХРАНА ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Еве колку плаќаме за основни производи
Македонците јадат неколкукратно поскапа хана отколку Европјејците. Ова може да се заклучи од „Инфлациски монитор“ за јуни 2023 година изработен од страна на Парламентаранта буџетска канцеларија (ПБК) заедно со Швајцарска агенција за развој.
Податоците покажуваат дека во нашата земја инфлацијата е значително поголема отколку во Европа. Притоа најголемо поскапување има кај рестораните, мебелот и храната.
За споредба, во Македонија хранта поскапела за високи 14,6 отсто, додека во Европа поскапувањето на базичната инфлација каде е опфатена и храната достигнува само 5,3 отсто.
– Макроекономскиот преглед кој се однесува на податоците за првиот квартал во 2023 година. Дополнително во прилог и најновиот инфлаторен монитор со податоци заклучно со месец мај 2023 година – Парламентарна буџетска канцеларија.