Македонски автобус во последен момент запрен пред да се урне мостот (фото)

Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да го премине на другата страна објавија српските медиуми.

– Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија пишуваат српските медиуми.

Мостот на Западна Морава рано утринава пред изливот на надојдената река беше целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината. Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons