МакедонијаНајново

Дополнително вакцинирани над 1.000 деца 

Повеќе од илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против ковид-19.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Во теренските посети, како што информира ресорното министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против ковид-19 и рутинска вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons