Жан Митрев се изјасни за невин 

Не се чувствувам виновен за делото што ми се става на товар, изјави вчера во судницата докторот Жан Митрев, сопственик на приватна клиника. Вчера почна рочиштето за судскиот процес во кој Митрев се товари за продолжено кривично дело измама.

На вчерашното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје се изјасни и застапничката на приватната клиника „Жан Митрев“ која рече дека во целост го одбива обвинителниот акт.

Во воведниот говор, обвинителката Искра Хаџи Василева кажа дека ќе докаже дека е сторено кривичното дело за кое постои обвинението.

„Постои обвинение за сериозно кривично дело, а со неговото дејство има последици и правното лице. Тоа се фактите и не можете да ги извртите наспроти логиката. Обвинетиот сторил измама со умисла и ова обвинителство ќе го докаже тоа надвор од разумното сомневање“, рече обвинителката.

Одбраната воведен збор ќе има на следното рочиште, кое е закажано за утре.

Одбраната на Жан Митрев побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти, од кои 27 кои обвинителството ги навело како оштетени.

Обвинителството во ова барање го оквалификувака како „неоправдано“, бидејќи, „одбраната првично ги доставила до Обвинителство“, а судот реши да не се одложи главната расправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons