Детектор: Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија заостанува со ЕУ реформите
Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија е поназад со реформите за европските интеграции во споредба со земјите од регионот, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Ваков став делат 51,6% од анкетираните, додека 20,3% сметаат дека сме на исто ниво а само 14,9% се на ставот дека Македонија е понапред во ЕУ – реформите во споредба со земјите од регионот.
Близу две третини до граѓаните рекле дека знаат кои се придобивките ако Македонија стане членка на ЕУ. Ваков став изразиле 58,9% од анкетираните додека 30,3% рекле дека не знаат.
47,1% од граѓаните рекле дека препознаваат и недостатоци при влегувањето на Македонија во ЕУ, додека 38,1% не гледаат такво нешто.
Половина од граѓаните или 49,2% рекле дека им требаат повеќе информации за европската тема, додека 40,6% од анкетираните се на ставот дека немаат таква потреба.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници