(ШОКАНТНО ВИДЕО) УЧЕНИЧКА СО СОЛЗАВЕЦ НАПАДНАЛА НАСТАВНИК Врати ми го мојот мобилен!
Истиот наставник во училиштето во Тенеси, САД, бил удрен со тупаница во лицето пред околу два месеца.
Мобилните телефони во училиштата прават хаос.
Тоа го покажува и ова шокантно видео што го пренесуваат многу светски медиуми.
Средношколка од Тенеси, САД, пред некој ден двапати го испрскала својот учител со солзавец, откако тој ѝ го одзел мобилниот телефон за време на часот.
Видеото најпрво беше објавено на Редит, а лицето кое го објави таму тврдеше дека професорот ѝ го зел телефонот на девојката затоа што таа ги барала одговорите на задачите на Гугл.
„Врати ми го телефонот, врати ми го телефонот. Може ли да го добијам телефонот? Може ли? Ми треба телефонот“, упорно му повторува ученичката на еден од колегите на нападнатиот наставник.
Истиот наставник бил удрен со тупаница во лицето пред околу два месеца, а Фокс њуз добила потврда дека по двата инцидента биле преземени дисциплински мерки согласно прописите на училиштето, односно дека случаите биле пријавени во полиција.