Земјотрес во западниот дел на Македонија
Слаб земјотрес со јачина од 2.4 степени денеска е регистриран на 7 километри од Центар Жупа.
Земјотресот е почувствуван во Македонија и Албанија. Се тресеше и соседна Грција. И денеска имаше серија земјотреси во централна Турција, но и на границата меѓу Турција и Сирија каде на почетокот на февруари годинава загинаа најмалку 50.000 луѓе.