Македонија

Петков: Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија

Во Бугарија е формирана прилично голема руска група на агенти, која во моментов работи за различни интереси. Има руски агенти кои работеа конкретно против договорот меѓу Бугарија и Македонија. Ова пред новинарите во Благоевград го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, јави БГНЕС. Интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, додаде Петков.

Во Софија во врска со овој случај во тек е голема акција на обвинителството.

Има неколку такви случаи, а тоа за мене покажува дека некој се обидува да го промени бугарскиот интерес, рече Петков.

Во врска со овие случаи на 4 април ќе сведочи и премиерот Петков.

„Не се плашам и немам што да кријам. Ако ме побараат на распит, со задоволство ќе одам“, рече Петков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons