ЕВЕ ЕДНА ДОБРА ВЕСТ ОД БАНКИТЕ: Кредитите срамежливо почнуваат да поевтинуваат 

Банките како едвај да чекаа Народна банка да стопира со зголемувањето на каматните стапки на благајничките записи, за и тие малку да ги намалат своите каматни стапки.

Па така, не дека е големо намалување, ама во ноември споредено со претходниот месец, статистиката на централната банка регистртирала мало поевтинување на кредитите, што особено се однесува за новоодобрените кредити, кои ако еден месец претходно имале каматна стапка од 5,55 отсто, на крајот на ноември се свеле на 5,38 отсто. 

Иако не сатнува збор за значајно снижување, сепак, ова е еден охрабрувачки сигнал, дотолку повеќе што се очекува дека НБМ нема да продолжи со зголемување на својата основна камата, што, пак, би ги охрабрило банките и натаму да ги намалуваат своите каматни стапки.

Кога станува збор за вкупните кредити, кај нив намалувањето на каматните стапки е минорно и не вреди ни да се споменува, односно од 5,49 отсто, тие се свеле на 5,48 проценти.

Ако има уште една добра вест, таа е дека кај вкупните депозити нема пад на каматата, туку напротив мал раст, од 1,67, на 1,74 отсто, додека, пак, кај новопримените депозити веќе почнува трендот на намалување на каматите, од 2,32 на 2,28 отсто.

Сепак, она што може да се забележи, е дека има огромна каматна маргина меѓу активните и пасивните каматни стапки, што, пак, е главиот извор на нето каматните приходи на банките, а со тоа и на големата профитабилност на банкарскиот сектор на земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons