Правда утре треба да одлучи дали ќе се бришат спорните бугарски клубови
Комисијата за употреба на имиња утре треба да носи одлука дали ќе бидат избришани бугарските здруженија „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“ од листата во Централниот Регистар. Останува нејасно како ке се носат одлуки, бидејќи Комисијата не е комплетирана, откако два члена уште пред носат одлука ја напуштија комисијата.
Согласно законот за здрженија и фондации , треба да бидат избришани здруженијата кои во својот назив не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со верска, национална, етничка нетрпеливост, омраза, геноцид, нацизам и фашизам.
Битолското здружение, воопшто не поднесе никакви документи за усогласување, а охридското испратило нецелосни документи. Од Централниот регистар за Сител велат дека постапката за здружението „Цар Борис Трети“ се уште трае.
Постапката е се уште во тек и здружението до денес нема одговорено по Известувањето од Централниот регистар. Информација до Министерството за правда , Централниот регистар ќе достави по завршување на постапката.
По одлуката, владината Комисија министерот за правда треба да ја донесе конечната одлука. Ако истата е негативна, Централниот Регистар ќе мора да го избрише здружението.
Претходно и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека битолското здружение „Ванчо Михајлов“ направило тешка форма на дискриминација по основ на национална и етничка припадност.Откако од здружението не го испочитуваа три месечниот рок за да бидат отстранети сите обележја и објави кои ги повредуваат македонските чувства, Комисијата поднесе и прекршочни пријави и против министерството за правда, и против здружението.
Инаку, до Комисијата за спречување дискриминација во текот на минатата 2022-ра година, примени биле вкупно 34 пријави од страна на македонци со бугарска самосвест, во 3 од нив утврдена е повреда, во 11 не е утврдена, 16 претставки се отфрлени заради ненадлежност и неуредниост, а 7 се во тек.