Средношколците и студентите ќе протестираат заедно

Матурантите и студентите здружени на протест за подобрување на нивниот стандард и образованиот систем. Државната матура, доцнењето на стипендиите, состојбите во студентсите домови се само дел од причините поради кои во петок ќе протестираат пред Министерството за образование и наука.

„Тоа е еден вид предупредувачки собир пред МОН со кој би ја истакнале важноста на решавањето на актуелните прашања и би ургирале сето тоа да се направи побрзо, поефикасно и да биде во допир со средношколците и студентите“, изјави Анисија Угриновска, ОДАС.

Во меѓувреме, образование денеска ги исплати парите за стипендии на ученците и студентите. На сметките легнала сумата и за субвенциониран студентски оброк.

„Учениците добија седум месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени шест месечени стипендии. Извршена е и тековната исплата на субвенциониран студентски оброк. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите“

Исплатата ги премисли во Студентски отпор кој најави протести и блокади на скопските сообраќајници. Велат исполнето е главното барање, засега нема да излезат на улица за состојбите во студентските домови ама сепак ќе го поддржат протестот во петок.

„Не стапиле они со нас во директен контакт, но секако дека ќе дадеме поддршка бидејќи како што очекуваме они да ни дадат нас поддршла , бидејќи во иднина  за година-две, они ќе бидат студенти. Не сакаме да бидеме во ситуација каде што секојпат мораме да се закануваме со радикализација за да МОН ги слушне нашите барања“ вели Кристијан Димков, Студентски отпор.

Солидарни се и во Огранизацијата за афирмација на средношколци и студенти.. Исплатата на стипендии не ги решава проблемите во образованието.

Протест пред МОН матурантите одржаа во понеделникот.. Бараат кратење на материјалот за државна матура. Шаќири најави дека не се исклучува можноста да се излез во пресрет и да има олеснување на испитите за државна матура.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons