ЗАПОЧНА ЕВАКУАЦИЈАТА: Нови дојави за бомби во три градови во Македонија
Нови дојави за бомби утрово има во Скопје, Прилеп и Охрид.
Според информациите, закани за поставени електронски направи пристигнале на електронските адреси на 19 средни и 8 основни училишта, едно училиште во Прилеп, како и Основниот суд во Охрид.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.
За еден час наставата ќе продолжи да се одвива онлајн, по препорака на Министерството за образование.