Казнети 824 возачи, 14 од нив „летале“ со брзина над 70 км повеќе од дозволеното 

824 возачи се казнети за пребрзо возење на патиштата низ Македонија. 45 од нив се движеле со брзина над 50 километри на час, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден при спроведената акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционираше 824 возачи. Од нив 438 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 386 надвор од населено место.

Сообраќајни контроли на патиштата низ Македонија се најавени и во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons