Свет

Бајден пристигна во ненајавена посета на Киев

Џо Бајден денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, прва како претседател на САД и во време кога земјата е во војна со соседна Русија.

На социјалните мрежи можат да се видат видеа од неговата прошетка низ украинската престолнина заедно со претседателот Зеленски. Украинските медиуми пишуваат дека во моментот кога пристигнал Бајден се огласиле сирените за воздушен напад над Украина, вклучително и Киев.

Изненадувачката посета на Бајден на Украина доаѓа нецели 24 часа по изјавата на портпаролот на Советот за националната безбедност на САД, Џон Кирби дека американскиот претседател нема да ја посети оваа земја туку дека ќе оди во дводневна посета на Полска.

Бајден на Твитер напиша дека доаѓа во Украина во пресрет на годишнината од рускиот напад за да покаже дека оваа земја не е сама и дека Западот силно ја поддржува. 

Според претходната агенда тој денеска треба да замине за Полска каде ќе се сретне со претседателот Анджеј Дуда за да разговара за поддршка на Украина и зајакнување на моќта за одвраќање на НАТО. Руската страна засега нема никакви реакции за посетата на американскит претседател на Киев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons