Дојава за бомба во 12 училишта
Министерството за внатрешни работи информира дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје денеска е упатена закана за оставена експлозивна направа.
Полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.