ХОРОР ВО БУГАРИЈА! Во напуштен камион пронајдени тела на 18 мигранти

Телата на најмалку 18 лица се пронајдени во напуштен камион во бугарско село во близина на главниот град Софија, соопшти бугарското МВР.

„Според првичните информации, камионот превезувал околу 40 илегални мигранти, кои се криеле во посебен дел, под дрва што се превезувале“, се вели во соопштението.

Министерството додава дека преживеаните се пренесени со итна помош во околните болници.

Првичните претпоставки се дека мигранти се задушиле до смрт.

Бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев рече дека повеќето од преживеаните се во многу лоша состојба.

„Тие страдаат од недостаток на кислород, облеката им е влажна, смрзнуваат и очигледно не јаделе со денови“, рече Меџидиев.

Камионот бил пронајден напуштен покрај автопат во близина на главниот град Софија. Возачот не бил таму, но полицијата ги открила патниците во тајна преграда под товар со дрва.

Властите веднаш не ја соопштија националноста на мигрантите, но медиумите објавија дека сите биле од Авганистан.

Во октомври 2019 година, британската полиција пронајде тела на 39 луѓе во контејнер за ладење што бил однесен во Англија. Полицијата соопшти дека сите жртви, кои биле на возраст од 15 до 44 години, потекнуваат од сиромашните села во Виетнам и се верува дека им плаќале на шверцерите за да ги однесат на ризично патување за подобар живот во странство.

Фото: Принтскрин/Твитер

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons